Правилник за промоцијата „реАктивација“ од 13.03.2019 г.

 

1. Општи одредби

1. Веб сајтот „The Best Vouchers“, во понатамошниот текст „Организатор“, организира промоција, „реАктивација“, во понатамошниот текст Промоција за клиентите, кои купиле Едукативен Пакет.

2. Промоцијата трае додека не ја откаже организаторот.

3. За време на промоцијата Организаторот може да ја прекине Промоцијата на одреден период во кое било време, без да ги наведе причините за прекинот.

4. Правилникот претставува основа за Промоцијата и ги дефинира правата и обврските на оние кои сакаат да ја искористат.

 

2. Правила за учество

Промоцијата може да ја искористи секое полнолетно лице, кое купило Едукативен Пакет, а нa Едукативниот Пакет му поминала 6 месечната важност.

 

3. Правила на промоцијата

1. Во рамките на Промоцијата „реАктивација“, Организаторот овозможува купување на друг Едукативен пакет под индивидуални услови.

2. За да учествгувате во промоцијата треба да ги исполните условиве:

- да изразите волја за учество во промоцијата,

- да поседувате купен Едукационен Пакет, со поминат рок на важност,

- индивидуално да ги утврдите условите и да се согласите на реактивација на Едукативниот Пакет со поминат рок, поврзан со купувањето на новиот Едукативен Пакет. Учесникот има право да не се согласи со предложените индивидуални услови, со што се повлекува од учество во Промоцијата.

3. Заостанатите долгови на Учесникот во Промоцијата према Организаторот како и враќањето на Едукативните Пакети доделени со Промоцијата може да бидат основа за одземање на правото за учество во Промоцијата. Во случај на такви околности Организаторот ќе го извести учесникот за одземање на правото за учество во Промоцијата.

4. Примената на индивидуалните услови не влијае на пресметаните манипулативни такси кои претставуваат трошоци за административни или логистички услуги.

 

4. Рекламации

1. Сите рекламации, во врска со начинот на спроведување на промоцијата, треба да ги пријавите на Организаторот во период до 30 дена од датумот на кој сте зеле учество во Промоцијата).

2. Рекламациите треба да ги поднесувате на е-маил адресата: [email protected]

3. Рекламациите ќе бидат разгледани до 30 календарски денови од добивањето.

4. Рекламациите поднесени по изминатиот термин наведен во полето. 4.1 нема да бидат разгледувани.

 

5. Завршни одредби

1. Одредбите од овој Правилник претставуваат единствена основа за спроведување на Промоцијата, а нивното толкување му припаѓа исклучиво на Организаторот

2. Правилникот е достапен на www.thebestvouchers.com

3. Правата на учесникот според Правилникот не можат да се пренесат на трети лица.

4. Организаторот го задржува правото на промени на одредбите од Правилникот во случај на промена на законските регулативи или други важни случувања што влијаат врз организацијата на Промоцијата.

4. Организаторот го задржува правото ненадејно да ја откаже/прекине Промоцијата, од објективни причини, за што учесниците ќе бидат информирани 7 дена пред откажувањето/прекинот на Промоцијата.