ПРАВИЛНИК НА СЕРВИСОТ „THE BEST VOUCHERS“

Важечки правилник на Сервисот: https://thebestvouchers.com/ (понатаму: „Правилник“).

 

1. Начела и дефиниции

Правилникот ги определува начелата, обемот и условите за користење на сервисот: https://thebestvouchers.com/ (во понатамошниот текст: „Сервис/от“). Правилникот важи за сите корисници на Сервисот.

За потребите на овој Правилник, долунаведените поими ги добиваат следниве значења:

  1. Продавач – Администратор на Сервисот, субјект, којшто нуди купување на Ваучери за услугите презентирани во Сервисот, со исклучок на Едукативните пакети и Пристапните кодови презентирани во Сервисот.
  2. Купувач – физичко лице, коешто има целосна деловна способност и навршени 18 години, коешто врз основа на Договор за продажба од Продавачот купило Производ и добила пристап до Сметка во Сервисот.
  3. Производ – Ваучер за услуги презентирани во Сервисот со исклучок на Едукативните пакети и Пристапните кодови за Едукативните пакети презентирани во Сервисот.
  4. Ваучер - инструмент во електронски облик, којшто се продава од страна на Продавачот и којшто врз основа на правила утврдени во Правилникот, му дава право на Купувачот да го замени кај разни Даватели на услуги за производите и услугите што тие ги нудат, со исклучок на едукативните пакети.
  5. Пристапен код – уникатна низа на алфанумерички знаци, којашто го продава Продавачот и којашто врз основа на начелата утврдени во Правилникот, му дава право на Купувачот да добие пристап до Едукативен пакет што е дел од понуда на Давател на услуги.
  6. Гратис – определена во моментот на извршување на купувањето на Пристапен код до Едукативен пакет, количина на единици на дадена криптовалута, којашто секој Купувач на Пристапен код до Едукативен пакет ја добива како подарок. Посочениот за време на правењето на Нарачката број на единици на дадена криптовалута се додава бесплатно кон секој купен Пристапен код до Едукативен пакет, независно од вредноста на Едукативниот пакет. Гратисот кон Едукативен пакет нема никаква трговска вредност и не може да се купи одделно. Никакви информации презентирани во Сервисот не може во никој случај да се третираат како понуда за купување на Гратис кон Едукативен пакет; наведените информации не преставуваат понуда во смисла на важечките правни одредби. Пристапот до единиците на дадена криптовалута додадени кон купениот Едукативен пакет во форма на Гратис го овозможува Пристапниот код, којшто Корисникот до добива од Продавачот по извршување на купување на Пристапен до Едукативен пакет, меѓутоа можноста за користење на Гратисот може да налага наведување на дополнителни податоци, испраќање на документи или преземање на други активности од страна на Купувачот, за коишто продавачот ќе го информира Купувачот во моментот на доставување на Пристапниот код. Секогаш, кога Купувачот ќе плати за Пристапен код до Едукативен пакет и добива определена количина на единици на дадена криптовалута, уплатуваниот износ е секогаш надоместок за Пристапен код до Едукативен пакет, а единиците на дадената криптовалута содржани во пакетот на Гратиси кон Пристапниот код се доставуваат како бесплатни подароци.
  7. Сметка - сметка на Нарачка во Сервисот доделена на секој Купувач, којшто склучил Договор на продажба со Продавачот преку правење на нарачка со посредство на Сервисот или преку еден од Партнерите на Продавачот, а Продавачот или Партнерот на Продавачот ја потврдил нарачката. Сметката претставува специфицирана за Купувачот интернет-потстраница на Сервисот, на којашто се поместени информации за купените Производи и се ставени на располагање алатки за преземање на активности во поглед на реализација на Ваучерите и Пристапни кодови од Продавачот. Сметката овозможува идентификација, следење и менаџирање на купените Ваучери и Пристапни кодови. Со цел извршување на замена на Ваучерот или Пристапниот код за производи/услуги нудени од страна на конкретниот Давател на услуги треба да се искористи наведената за таа цел хиперврска кон интернет-страницата на конкретниот Давател на услуги. Хиперврската е видлива за Купувачот по најавување на Сметката. Сметката е поврзана со имејл адресата на Купувачот (корисничко име) и Пристапниот код што Купувачот го добил од Продавачот или Партнерот на Продавачот специфициран на Ваучерот или соодветно Пристапниот код добиен од Продавачот или Партнерот на Продавачот во случај на купување на Пристапен код до Едукативен пакет. Дополнителни едукативни материјали, со исклучок на онлајн обуките нудени во рамки на Едукативен пакет од страна на Давател на услуги, може да му бидат ставени на располагање на Купувачот од страна на Продавачот во форма на текстуални фајлови за преземање директно по најавување на Сметката.
  8. Оператор на плаќања – плаќањата за Ваучери или Пристапни кодови може да се обработуваат од страна на трети лица кои нудат услуги поврзани со обработка на податоци и плаќања, фактурирање на побарувања, усогласување на салда и рапортирање;
  9. Едукативен пакет онлајн обука (вебинар); вид на интернет семинар што се води и реализира со помош на технологијата вебкаст, којашто овозможува обострана комуникација меѓу предавачот и учесниците, со користење на виртуелни алатки.
  10. Партнер – субјект што учествува во партнерска програма на Продавачот, на којшто Продавачот му нарачал оперативни маркетинг активности што ги доведуваат потенцијалните клиенти (Купувачи) на интернет-страницата (Сервис) на Продавачот.
  11. Сервис – интернет-страницата: https://thebestvouchers.com/, водена од страна на Администраторот на Сервисот, со посредство на којашто Купувачот може да направи Нарачка или да реализира Ваучер или Пристапен код.
  12. Договор за продажба – договор, чијшто предмет е купување на Производ, склучен помеѓу Продавачот и Купувачот, на начин определен во овој Правилник.
  13. Давател на услуги – oтрето лице што нуди Едукативни пакети, чиешто користење го овозможуваат Пристапните кодови добивани од Продавачот, како и други услуги презентирани во Сервисот, чиешто користење го овозможуваат Ваучерите добивани од Продавачот.
  14. Нарачка - изјава на волја на Купувачот, којашто се дава со помош на Формулар за нарачка достапен во Сервисот или на интернет-страница на еден од Партнерите на Продавачот, којашто изјава е директно насочена кон склучување на Договор за продажба со Продавачот. Нарачката се третира како понуда за купување на Ваучер или Пристапен код што му е дадена на Продавачот од страна на Купувачот. За ефективно склучување на договор неопходно е потврдување на прифаќањето на Нарачката од страна на Продавачот.

2. Општи услови за користење на Сервисот

  1. Купувањето на Производи може да ги прават само индивидуални Купувачи.
  2. Купувачите се обврзани да го почитуваат овој Правилник и се обврзани да го користа Сервисот на начин кој е во согласност со важечкото право, како и во согласност со начелата за општествен соживот.
  3. Сите трговски информации, ценовници и реклами во Сервисот се единствено покана до Купувачите за доставување на понуди и склучување на договори за Купување. Ниедни информации презентирани во Сервисот, независно од нивното име, не треба да се третираат како понуда во смисла на важечките правни одредби.
  4. Правејќи Нарачка,Купувачот мора да има навршено најмалку 18 години и да има целосна деловна способност или согласност на својот правен старател, во согласност со законските одредби што важат во моменталното престојувалиште на Купувачот.
  5. Сите Нарачки за Производите направени од страна на Купувачот се сметаат за понуда и се смет дека таа е прифатена од страна на Купувачот единствено по потврдување на Нарачката од страна на, според условите посочени во Правилникот. Продавачот го задржува правото за одбивање на понудата и/или одбивање за да прат Нарачката без наведување на причини. Освен тоа, доколку Продавачот првично ја прифатил понудата на Купувачот, тој може да ја поништи трансакцијата во секое време, ако постои основано сомневање дека Купувачот извршил измама на штета на Продавачот, Давателот на услуги или Партнерот на Продавачот.
  6. Продавачот задржува право да ја поништи Нарачката во случај, ако однесувањето на Купувачот се смета за сомнително или потенцијално измамничко.
  7. Продавачот го задржува правото да престане со продажба на Ваучерите и Пристапните кодови во секое време или да изврши промена на одредбите од Правилникот.
  8. Купувањето се врши исклучиво за сопствени потреби.
  9. Купувачот нема право да ги мултиплицира Пристапните кодови, ниту Ваучерите на каков било начин, ниту да им ги овозможува тие дејствија на други лица.
  10. Купувачот се обврзува да не наведува лажни податоци, вклучувајќи лажни презимиња, адреси, како и контактни и платежни податоци; а исто така, да не учествува во какви било нелегални активности во врска со Купувањето или користењето на Пристапните кодови/Ваучерите, ниту пак да не им дозволува на кој било друг да презема такви активности. Продавачот не може да биде повикан на одговорност, ако податоците се грешни внесени и Пристапниот код до Едукативен пакет или Ваучерот го користи некој друг – различен од предвидениот примач.
  11. Купувачот се обврзува да ги ажурира податоците, во случај на промена. Продавачот не сноси одговорност за последиците што произлегуваат од неисполнување на оваа обврска.
  12. Ви ситуациите наведени во став 2 т. 10 и став 2 т. 11, пристапот на Купувачот до неговата Сметка може да биде блокиран од страна на Администраторот на Сервисот.
  13. Сите цени се наведени во определена валута и ги содржат сите даноци важечки на територијата на државата што е регистарско седиште на Продавачот. Во случај на постоење на дополнителна даночна обврска во државата на Купувачот, Купувачот е одговорен за наплата, задржување, декларирање и уплата на дополнителните даноци што се должат до надлежните органи.
  14. Тековните информации за цените на Ваучерите и Пристапните кодови важат од денот на нивното појавување во Сервисот. Цените вклучуваат трошоци за испорака.
  15.  По купување на првиот Ваучер или Пристапен код, во Сервисот ќе биде креирана индивидуална Сметка на Купувачот, до која пристапот ќе биде возможен со помош на Лозинката добиена по направената Нарачка наведена на Ваучерот или Пристапниот код наведен на картичката со Пристапен код, како и имејл адресата.
  16. Купувачот може да биде сопственик исклучиво на една Сметка.
  17. За Регистрирање на Сметка на Купувачот, неопходни се следните податоци: имејл адреса и Лозинка специфицирана на Ваучерот или Пристапен код специфициран на картичката со Пристапен код, коишто Купувачот е обврзан да ги чува во тајност.
  18. Личните податоци на Купувачите се собираат врз основа на целосна доброволност и се користат исклучиво според правилата наведени во Политиката за приватност.
  19. Доколку не е поинаку договорено, Продавачот може да воведува измени во спецификацијата на Производите. Особено, без ограничувања, идентитетот и бројот на Даватели на услуги со посредство на кои можно е користењето на Едукативните пакети со користење на Пристапните кодови или на други услуги со користење на Ваучерите, може да подлежат на промени – што Купувачот јасно го потврдува и го прифаќа.
  20. Во врска со недостигот на можност за Купување на Пристапни кодови и Ваучери од страна на лицата со живеалиште на териториите на некои држави, Нарачките направени од териториите на тие држави или со адреса на испорака на тие територии нема да бидат реализирани, меѓу другото: Авганистан, Бангладеш, Демократска Република Конго, Република Екваторска Гвинеја, Гвајана, Хонг Конг, Ирак, Лаос, Мавританија, Молдавија, Нигер, Северна Кореја, Сиера Леоне, Сингапур, Сирија, Западна Сахара, Јемен, Зимбабве.
  21. Личните податоци доставени во моментот на Регистрација, како и во моментот на правење на Нарачка, се обработуваат од страна на Администраторот/Операторот на плаќањата во обем неопходен за реализација на Нарачката, вклучувајќи ги онлајн и офлајн раздолжувањата и послепродажното опслужување, како и во обем неопходен за доделување на Пристапни кодови и користење на Едукативните пакети со нивна помош или аналогно Ваучери и нивна замена за определени услуги нудени од страна на Давателите на услуги.
  22. Сите Производи презентирани во Сервисот, а исто така, и други називи и логоа презентирани во Сервисот се користат исклучиво за идентификациски цели; тие може да претставуваат трговска марка заштитена со закон.
  23. Сервисот и содржините објавени во него подлежат на целосна заштита на авторските или други права на интелектуална сопственост и не може да се искористат за цели различни од целите јасно дозволени во овој Правилник – особено не може да се копираат, како целосно, така и делумно.

3. Склучување на договор за продажба

  1. Склучувањето на Договор за продажба настапува преку правење од страна на Купувачот на Нарачка со помош на Формуларот за нарачки во Сервисот или на една од интернет-страниците на Партнерите н продавачот, со моментот на потврдување на прифаќањето на Нарачката од страна на Продавачот.
  2. Нарачките се примаат 24/7, во текот на целата година. Нарачките може да се прават преку Интернет од кое било место на светот, со исклучок на местата наведени во став 2 т. 20, при што во некои држави можно е извршување само на авансно плаќање со посредство на системот за плаќање посочен во Сервисот.
  3. Во Формуларот за нарачки, Купувачот наведува барем:

              - Име и презиме на Купувачот,

              - Телефонски број на Купувачот,

              - Имејл адреса на Купувачот, кон којашто ќе биде поврзана Сметката во Системот.


              Пополнувајќи го Формуларот за нарачки, Купувачот:

              - ја потврдува веродостојноста и усогласеноста со фактичката состојба на податоците содржани во горенаведениот Формулар,

              - се согласува со одредбите од овој Правилник, признавајќи дека тој е обврзувачки,

              - дава согласност за обработка на личните податоци содржани во него со цел нудење на Купувачот на производи и услуги директно (директен маркетинг).

  1. По добивање на Формуларот за нарачки, Продавачот го контактира Купувачот телефонски, со цел утврдување на деталните параметри на Нарачката – односно видот на Ваучерот или Пристапниот код, којшто треба да му биде испорачан на Купувачот, неговата вредност и адресата на Купувачот, на која треба да се испрати Нарачката – за што Купувачот дава согласност.
  2. По извршување на горенаведените утврдувања помеѓу Купувачот и Продавачот, Продавачот му испраќа на Купувачот Потврда за прием на Нарачката по електронски пат, на имејл адресата наведена од страна на Купувачот.
  3. Вредност на Нарачката – е износот наведен во документот на Потврдата на Нарачката, кој претставува цена на Ваучерот или Пристапниот код избран од страна на Купувачот. Вредноста на Нарачката е еквивалентна со вкупниот износ, којшто Купувачот се обврза да го плати. За време на телефонскиот разговор реализиран помеѓу Продавачот и Купувачот, Продавачот може, поради големината на Нарачката, да му понуди на Купувачот промотивна цена. Во таков случај, обврзувачка за Купувачот останува цената договорена меѓу страните за времена таквиот разговор.
  4. Нарачката се смета за прифатена за реализација во моментот на испраќање до Купувачот на Потврда за прифаќање на Нарачката од страна на Продавачот.
  5. Ако Купувачот не го завршил процесот на Нарачка, Одделението на грижа за клиентите на Продавачот ќе го контактира Купувачот со користење на податоците наведени од негова страна за време на правењето на Нарачката со цел потврдување на добивање на Нарачката, за што Купувачот дава согласност. Извршувањето на горенаведеното потврдување ќе биде еквивалентно на правење на Нарачка од страна на Купувачот, во согласност со условите определени во овој Правилник. Купувањето не е завршено, сè додека Купувачот не добие имејл порака што го потврдува прифаќањето на неговата понуда од страна на Продавачот.
  6. Во случај на извршено Купување, Ваучер или картичка со Пристапен код неодложно ќе му се испрати на Купувачот со посредство на курирска фирма или по пошта. Плаќањата може да се примаат и обработуваат од страна на разни Оператори на платежни услуги или поштенски услуги/курирски фирми, во случај на плаќање при подигнување.
  7. Доколку не е поинаку јасно наведено во Сервисот или во Правилникот, нема лимит за Купување на Пристапни кодови и Ваучери во однос на исто домаќинство или еден Купувач. Продавачот задржува право да престане со продажба на Пристапни кодови и Ваучери во секое време или за промена на одредбите од овој Правилник.

4. Услови поврзани со реализација на Ваучер или Пристапен код

  1. За реализација на Ваучер или Пристапен код преку најавување на Сметка, неопходно е користење на компјутерска опрема што ги исполнува следниве технички услови: компјутер поврзан со интернет (мин. 512 kb/s), графички веб пребарувач што опслужува „JavaScript“ (на пр. „Google Chrome“, „Internet Explorer“, „Mozilla Firefox“, „Opera“) и што опслужува т.н. колачиња, инсталиран софтвер за читање на фајлови во „PDF“ формат (на пр. „Adobe Reader“, „Foxit Reader“).
    Продавачот не сноси одговорност за несоодветна конфигурација на компјутерот на Купувачот. Продавачот не сноси одговорност за случите, кога Купувачот нема да реализира Ваучер или Пристапен код како последица на технички проблеми со компјутерот на Купувачот.
  2. Со цел реализација на Ваучер или Пристапен код, неопходно е најавување на Сметката со помош на податоците за најавување, т.е. Корисничко име (имејл адресата наведена од страна на Купувачот во Формуларот за нарачки) и Лозинка (лозинка доставена од страна на Продавачот на Ваучерот) или Пристапен код (доставен од страна на Продавачот на картичката со Пристапен код, во случај на купување на пристап до Едукативен пакет). По првото најавување на Сметката со користење на податоците доставени од страна на Продавачот, Купувачот ќе има право да изврши промена на Лозинката или на Пристапниот код.
  3. Сметката овозможува идентификација, следење и менаџирање на купените Ваучери или Пристапни кодови. Со цел извршување на замена на Ваучер или Пристапен код за услугите нудени од страна на некој Давател на услуги, треба да се искористи наведената за таа цел хиперврска до страницата на тој Давател на услуги.
  4. Дополнителни информации поврзани со начинот на најавување во Сервисот (упатство за најавување) се испраќаат од страна на Продавачот на имејл адресата на Купувачот, веднаш по извршено плаќање од страна на Купувачот.

5. Испорака на Ваучери и Пристапни кодови

  1. Ваучерите и Пристапните кодови ќе им се испорачуваат на Купувачите по пошта или преку курирска фирма на адресата наведена од страна на Купувачот.
  2. Сопственоста врз Ваучерот или Пристапниот код преминува на Купувачот исклучиво во моментот на добивање на плаќањето од страна на Продавачот за Пристапниот код или Ваучерот, извршено од страна на Купувачот.
  3. Во случај на недобивање на плаќање (на пр. неприфаќање на платежен чек, повлекување на плаќање извршено со кредитна картичка или ненавремено плаќање за Нарачката на друг начин), сите Пристапни кодови или Ваучери, коишто биле испратени, стануваат неважечки и не може да се искористат.
  4. Ако Пристапниот код или Ваучерот доставен по пошта ќе се изгуби, ќе биде украден или ќе се уништи, пред да биде искористен, Продавачот го деактивира претходниот Пристапен код или Ваучер, доделувајќи му на Купувачот нов Пристапен код или Ваучер, за чиешто користење ќе се применуваат истите правила.

6. Користење на Пристапни кодови и Ваучери

  1. Доколку во условите за користење на Едукативните пакети или услуги, чиешто набавување го овозможува Ваучерот, не е поинаку наведено; Едукативните пакети и горенаведените услуги може да ги користат само индивидуални Купувачи.
  2. Едукативните пакети набавени со користење на Пристапни кодови и услугите набавени со користење на Ваучери, не подлежат на враќање во форма на готовина.
  3. Пристапниот код или Ваучерот може да се искористи само еднаш. Пристапниот код, ниту Ваучерот не може да се искористи делумно.
  4. Рок на важење на пристапните кодови. 

    Секој пристапен код важи 6 месеци од денот на доставување на пристапниот код. Рокот на важење на пристапниот код го означува времето, во коешто таквиот код мора да се активира, а едукативниот пакет да се искористи. По изминување на тој период, реализацијата на пристапниот код и користењето на едукативниот пакет не се можни. Горенаведените одредби, исто така, се применуваат и за гратис кон едукативен пакет.

  5. Ако за реализација на пристапен код или подарок неопходно е презентирање на дополнителни документи, тие треба да се достават во рок од 6 месеци од денот на доставувањето на пристапниот код. По изминување на тој период, не е можна реализацијата на пристапниот код, како и на подарокот.
  6. Продавачот не дава никакви ветувања, гаранции, ниту изјави поврзани со Едукативните пакети, ниту другите услуги нудени од страна на Давателите на услуги.
  7. Пристапните кодови и Ваучерите ќе подлежат на верификација во моментот на нивна употреба со цел користење на Едукативен пакет или услуга, чијашто набавка е овозможена со Ваучерот.

7. Одговорност

  1. Продавачот не е страна на договорот за купување на Едукативните пакети, ниту другите услуги, а единствено нуди купување на Пристапни кодови до Едукативни пакети и Ваучери што даваат право за набавување на услуги презентирани во Сервисот, па затоа не сноси одговорност за квалитетот, безбедноста или правната усогласеност на услугите набавени со користење на Пристапните кодови или Ваучери, ниту за веродостојноста и точноста на информациите содржани во рекламите, за можноста или правото на Давателите на услуги за продажба на определени услуги, ниту за солвентноста на Купувачите што ги прават Нарачките.
  2. Операторот на плаќањата не е страна на договорите склучувани помеѓу Купувачите и Давателите на услуги, ниту не сноси одговорност за несоодветно извршување или за неизвршување на договорите склучени од страна на Купувачите.
  3. Администраторот на Сервисот/Продавачот, ниту Операторот и администраторот на Плаќањата, не сносат одговорност за посебни, индиректни или секундарни штети настанати за време на користењето на услугите набавени со користење на Пристапните кодови и Ваучерите, како и Гратисите.
  4. Продавачот не сноси одговорност за нарушување на Правилникот, доколку исполнувањето на определена обврска станало невозможно од причини независни од него.
  5. Администраторот го става на располагање Сервисот во состојба „во каква што е“, „со сите недостатоци“ и „во рамки на достапноста“. Продавачот и неговите добавувачи не даваат јасни гаранции поврзани со Сервисот, Пристапните кодови, Ваучерите, Гратисите, ниту какви било услуги.
  6. Во максималниот законски дозволен обем, Продавачот и неговите вработени, директори, агенти, продавачи; не гарантираат дека Едукативните пакети, ниту другите услуги нудени од страна на Давателите на Услуги се подложни на продажба, со задоволителен квалитет, соодветни, навремени, погодни за определена цел или потреби, се во согласност со законот или се погодни за користење или се даваат со соодветна грижливост и вештини. Продавачот не гарантира дека услугите/производите набавени со користење на Пристапни кодови или Ваучери ќе ги исполнуваат барањата на Купувачите, ќе бидат без грешки, корисни, комплетни или достапни цело време. Продавачот не гарантира дека користите кои може да се добијат во врска со користењето на Сервисот ќе бидат ефикасни, сигурни, точни и ќе ги исполнуваат очекувањата на Купувачите. Продавачот не дава никакви други гаранции во однос на заштитата на приватноста и безбедноста, освен тие кои се јасно определени во Политиката за приватност. Продавачот не гарантира дека Купувачот ќе може да добие пристап или да го користи Сервисот во кое било време и од која било локација. Никаква усна или писмена информација, ниту совет даден од негов претставник не преставуваат гаранција. Купувачот може да има дополнителни потрошувачки права во живеалиштето на Купувачот, коишто овој Правилник не може да ги промени.

8. Отштета

  1. Прифаќајќи го овој Правилник, Купувачот се согласува дека во обем дозволен со одредбите на меродавното право, да го обезбеди и заштитува Продавачот/Администраторот, неговите директори, вработени и агенти од одговорност по основ на сите побарувања, штети, обврски, трошоци или долгови и издатоци (вклучувајќи, без ограничувања: по основ на сите разумни такси настанати во врска со какви било побарувања или судски постапки поведени или што му се закануваат на Продавачот/Администраторот во врска со кои било лица), коишто произлегуваат од користењето од страна на Купувачот на пристап до Сервисот или Пристапен код или Ваучер; од нарушување на кои било права на трети лица, вклучувајќи без ограничување авторски права, права на сопственост или права за заштита на приватноста; како и од кое било побарување за тоа дека содржините доставени од страна на Купувачот резултираат со штета на трето лице.
  2. Обврската за ослободување од одговорност и отштета наведена погоре во став 9 т. 1 останува во сила по престанување на важењето на овој Правилник и престанување на користењето на Сервисот од страна на Купувачот.

9. Заштита на личните податоци

  1. Контролор на базите на лични податоци давани од страна на корисниците на Сервисот (Купувачите) е Продавачот.
  2. Контролорот на базите на лични податоци се обврзува да ги штити личните податоци во согласност со законодавството меродавно за седиштето на Продавачот. Купувачот давајќи ги своите лични податоци на Контролорот на базите на лични податоци при правење на нарачка,дава согласност за нивна обработка од страна на Контролорот на базите на лични податоци со цел реализација на направената Нарачка. Купувачот во секое време има можност за увид, поправање, ажурирање и за отстранување на своите лични податоци.

10. Промени на понудата и промоции

  1. Продавачот го задржува правото за промена на цените на Производите што се дел од понудата, повлекување на некои Производи од понудата и воведување на нови и спроведување на промотивни акции.
  2. Правото, за коешто станува збор погоре во т. 1, нема влијание врз Нарачките направени пред датумот на влегување во сила на промената на цената, условите на промотивната акција и тие ќе се реализираат според дотогашните услови.

11. Рекламации

  1. Во случај, кога според Купувачот услугите давани врз основа на Правилникот не се реализираат или се реализираат спротивно на одредбите од Правилникот, тој може да достави рекламација преки имејл на адресата: [email protected]
  2. Рекламациите добиени од страна на Продавачот ќе се разгледуваат во рок од 14 дена од датумот на нивното примање на имејл адресата наведена погоре во т. 1. Во случај, кога Рекламацијата не ги содржи информациите неопходни за нејзино разгледување, Продавачот ќе му се обрати на подносителот на Рекламацијата, за тој да изврши нејзино дополнување во неопходниот обем, а тогаш рокот од 14 дена тече од денот на доставување на дополнета Рекламација.
  3. Рекламацијата треба да содржи најмалку име и презиме на Купувачот, имејл адреса на Купувачот, опис на пријавуваните забелешки, како и посочување на предлаганиот начин за решавање на Рекламацијата.
  4. Одговорот на Рекламација се испраќа на имејл адресата наведена од страна на Купувачот во Нарачката. Во особено оправдани случаи, Продавачот може да го испрати одговорот на друга, наведена од страна на подносителот на Рекламацијата, имејл адреса, којашто не е поврзана со Нарачката.
  5. Во случај на недостиг на можност за идентификација на Корисникот, рекламацијата ќе остане неразгледана.
  6. Продавачот не сноси одговорност за штетите што не се произлезени од негова вина.
  7. Доколку во случај на реализирање на Пристапен код или Ваучер, Купувачот има забелешки во однос на Едукативните пакети или услугите набавени со користење на Ваучер, сите побарувања по тој основ треба да се упатуваат директно до Давателот на услугите. Тоа е поврзано со фактот дека Администраторот/Продавачот се занимава само со продажба на Ваучери и Пристапни кодови и ставање на располагање на Сервисот, а Давателот на услугите, а не Администраторот/Продавачот, е одговорен за Едукативните пакети, чиешто користење го овозможува Ваучерот. Меѓутоа, во случај на недостиг на спогодба помеѓу Купувачот и Давателот на услугите; Администраторот/Продавачот може, на барање на Купувачот, да помогне во решавање на настанатиот спор.
  8. Администраторот/Продавачот може да направи поништување или да одбие издавање на Пристапен код или Ваучер во секое време поради грешки поврзани со издавање или обработка на Пристапни кодови или Ваучери, како и во врска со констатација на Администраторот/продавачот дека Купувачот побарал или искористил Пристапен код или Ваучер на неправилен начин или поради тоа дека Пристапниот код или Ваучер се фалсификувани или променети.
  9. Купувачот може да му пријави на Администраторот рекламација за функционирањето на Сервисот, а во случај на неправилно реализирање на услугата на продажба на Пристапни кодови или Ваучери, Купувачот може да му достави рекламација на Продавачот.

12. Откажување на договорот

  1. Купувачот, кој не реализирал Ваучер или Пристапен код, може да го откаже Договорот во рок од 14 дена од неговото склучување, добивајќи 1000% враќање на трошоците.
  2. Купувачот, кој реализирал Ваучер или Пристапен код, го губи правото за откажување на договорот.
  3. Купувачот може да го откаже договорот со испраќање на имејл со информација за волја за откажување на Договорот на адресата: [email protected]
  4. Недопустливо е откажување на договорот за Купување на Пристапен код или на Ваучер, којшто е веќе искористен. Под искористување на Пристапен код или Ваучер се подразбира употребата од страна на Купувачот на добиениот Пристапен код или Ваучер што овозможува користење на Едукативен пакет, други услуги нудени од страна на Давателите на услуги или Гратис.

13. Завршни одредби

  1. Администраторот на Сервисот ги вложува сите напори, за да обезбеди правилно функционирање на Сервисот.
  2. Администраторот на Сервисот го задржува правото за целосно или делумно исклучување на Сервисот на неопределено време со цел негова модернизација или поправка.
  3. Администраторот не одговара за тешкотиите во реализација на Нарачка предизвикани од случајни фактори кои се независни од него (вклучувајќи и фактори зависни од Купувачот, трети лица или виша сила).
  4. Продавачот го задржува правото да го менува Правилникот без наведување на причина.
  5. За измени на Правилникот и нивниот обем, Купувачите регистрирани во Сервисот ќе бидат информирани по електронски пат (на имејл адресата наведена во нарачката) или во форма на скокачко прозорче за време на првото најавување во Сервисот по воведување на измените. Измените ќе се воведуваат со цел прилагодување на Правилникот на важечката правна регулатива.
  6. Доколку која било одредба од овој Правилник може да се смета за ништовна или неважечка, тоа нема влијание врз важноста и ефективноста на останатите одредби од овој Правилник. Таквата ништовна или неважечка одредба ќе биде заменета со важечка и ефективна одредба, којашто најблизу го постигнува економскиот ефект, на којшто се однесувала ништовната или неважечката одредба.
  7. Купувачот е обврзан да се запознае со измените во Правилникот, ако на кој било начин го користи Сервисот.
  8. Тековна верзија на Правилникот е секогаш достапна на: www.thebestvouchers.com.
  9. За работите што не се регулирани со овој Правилник, ќе се применуваат соодветните правни одредби од законодавството што е важечко според седиштето на Продавачот. Спорните прашања, доколку Купувачот изрази таква волја, се решаваат спогодбено. Како крајност, прашањето го решава месно надлежниот суд за седиштето на Продавачот.
  10. Користењето на Сервисот од страна на Купувачот е еднакво на запознавање со и прифаќање на условите од овој Правилник.

 

Датум на последно ажурирање на Правилникот: 13.03.2019 r.

  

Место, датум

Испраќач
Име и презиме на Купувачот
Адреса

Адреса за доставување на изјавата:

Изјава
за откажување на договор склучен од дистанца

Изјавувам дека го откажувам договорот за продажба на Пристапен код/Ваучер бр. …………………… (идентификациски број на нарачката) склучен преку потврдување на Нарачката, коешто имаше место на дек …………………………………, приемот на Пристапен код/Ваучер се имаше место на ден …………………………………….

Барам поврат на износ од …………………………………… (со зборови: ………………………………………………………………………………………………………………)
на банкарската сметка бр.……………………………………………………………………………………………………………………………………………, SWIFT/BIC: ………………….
Со изјавата враќам …………………………………………………………………………………………………………………………… (Гратис кон Пристапен код до Едукативен пакет – доколку е применливо) во непроменета состојба.

потпис на Купувачот