Политика за приватност на Сервисот „The Best Vouchers“

Оваа Политика за приватност ги определува правилата за собирање, обработка и заштита на податоците споделени од страна на Корисниците во врска со користењето на Интернет-страницата; што се состои како од користење на фајлови со колачиња на компјутерите на Корисниците, така и од собирање и обработка на податоци за Корисниците за статистички цели, а исто така, и од останатите начини на обработка на податоци, особено собирање, зачувување, чување, преработка, менување, ставање на располагање и друго искористување на податоците. Сите изрази употребени во овој документ го имаат значењето што им е дадено во Правилникот на Сервисот „The Best Vouchers“ објавен на Сервисот: www.thebestvouchers.com.

§1

Контролор на личните податоци

  1. Контролорот ги собира личните податоци со цел да им се овозможи на Купувачите да го користат Сервисот.
  2. Личните податоци на Купувачите подлежат на посебна заштита и се користат само во таков обем, во каков што била дадена согласност. Базата на лични податоци се води од страна на Контролорот во согласност со законодавството што се применува според седиштето на Контролорот, како и во согласност со начелата на општествен соживот.
  3. Задачи на Контролорот:
    1. грижа за безбедноста на личните податоци кои Купувачите му ги споделиле на Контролорот, особено грижа неовластени лица да немаат пристап до нив;
    2. обезбедување на регистрираните Купувачи реализација на нивните права, особено правото за увид во сопствените лични податоци, право да се бара ажурирање и отстранување на личните податоци.

§2

Лични податоци и други информации споделени од страна на Купувачите

  1. Купувачите ги даваат своите лични податоци на доброволна основа, меѓутоа давањето на некои податоци е неопходно за користење на Сервисот, нивното недавање го оневозможува користењето на Сервисот.
  2. Сите собрани лични податоци се наменети за користење од страна на Контролорот.
  3. За време на користењето на Сервисот, серверите автоматски собираат информации испраќани од страна на пребарувачот и содржани во системските логови. Тие информации може да содржат различни податоци, на пр. имејл адреса, ИП адреса, вид на пребарувач, интернет-страница посетена непосредно пред користење на Интернет-страницата, време на влегување на интернет-страницата на Сервисот, како и други статистички податоци. Контролорот ги користи со цел обезбедување највисоко можно ниво на даваните услуги, а исто така, за технички и статистички цели.
  4. Собраните податоци служат за идентификација на Купувачите со цел реализација на Нарачките, вклучувајќи испорака на Производите и Гратисите, за процесирање на раздолжувањата онлајн и офлајн особено податоците за кредитната или дебитната картичка или други финансиски податоци неопходни за обработка на плаќањето извршено од страна на Купувачот (опслужување на плаќањата и реализација на Нарачките), како и подоцнежен контакт со Купувачите, а исто така, со цел развој на Сервисот и послепродажна дејност. Тие податоци содржат, меѓу другото, информации, како: име, презиме, адреса, корисничко име, индивидуален пристапен код, историја на трансакциите, како и сите лични податоци споделени од страна на самите Купувачи.
  5. Контролорот може да собира информации поврзани со техничките податоци, особено „URL“ адреса, вид на мрежна врска и име на давателот на услугите.
  6. Поради природата на Нарачките, доставуваните Производи и Гратиси со посредство на Сервисот, Купувачот може да биде замолен да достави дополнителни лични податоци. Обемот на дополнителните податоци ќе биде соодветно на наведен во Правилникот за користење на Сервисот „The Best Vouchers“.

§3

Обработка на лични податоци

  1. Контролорот ги собира, користи, става на располагање и обработува личните податоци на Купувачите со цел реализација на Нарачките, испорака и испраќање на Пристапните кодови и Ваучери, Гратиси / замена на Пристапните кодови и Ваучери за услугите на одделните Даватели на услуги, маркетинг на своите услуги и на услуги на трети субјекти, како и со цел испраќање на Купувачите на информативни билтени и други промотивни и рекламни материјали. Купувачот во секој момент може да изјави дека не се согласува да добива трговски информации - преку кликнување на линкот што се наоѓа во долниот дел од пораката.
  2. Секој купувач има права кои произлегуваат од меродавниот закон за заштита на личните податоци. Со цел увид во увид во своите лични податоци, нивно ажурирање или отстранување, Купувачот треба да го контактира секторот за грижа за корисниците преку контактниот формулар што се наоѓа во Сервисот.
  3. Сервисот може, меѓу другото, да го користи системот „Google Analytics“ (и слични системи), односно услуги поврзани со анализа на посетеноста на интернет-страници и апликации што ја овозможува „Google, Inc.“ („Google“) или други субјекти. „Google Analytics“ користи колачиња. „Google“ може да предава идентификувани информации на трети лица, само ако тоа ќе мора да го стори врз основа на законски одредби.
  4. Контролорот користи фајлови со колачиња за чување на информации за преференциите на Купувачите. Тоа се текстуални фајлови што се зачувуваат на уредите на Купувачите и ги идентификуваат Купувачите на начин потребен за овозможување на некои операции. Тие фајлови чуваат: лични нагодувања на Купувачот, како и предлози за автоматско пополнување на полиња во формуларите, меѓу другото, се користат за зачувување на податоците неопходни за најавување на Купувачот. Пред сè, се користат две категории на колачиња:
    1. „Action Cookies“ – фајлови што се зачувуваат со цел регистрирање на активноста на Купувачите за време додека тие го користат Сервисот. Тие фајлови обезбедуваат статистички податоци, врз основа на кои може да се оптимизира функционалноста на Сервисот. Услов за функционирањето на колачињата е нивно одобрување од страна на корисникот преку соодветно нагодување во интернет-пребарувачот.
    2. „Session Cookies“ – се користат на страниците со опција за најавување – фајлови што се зачувуваат со цел определување на статусот на најавување на Купувачот. Тие служат за Купувачите да имаат пристап до страниците видливи исклучиво за Купувачите што го користат Сервисот. „Session Cookies“ се доделуваат во процесот на најавување на Купувачот и се отстрануваат при одјавување, односно во при кликнување на копчето „Одјави“.
  5. Секој купувач може во секое време да ја повлече согласноста за обработка и чување на неговите лични податоци, преку контакт со одделението за грижа за купувачите, со посредство на контактниот формулар што се наоѓа во Сервисот.
  6. PБорбата со какви било форми на кражба на идентитет, изнудување информации и нелегални практики именувани како „phishing“, е еден од највисоките приоритети на Контролорот. За таа цел, сите податоци давани од страна на Купувачите, особено податоците како бројот на кредитната картичка или податоците давани во Сервисот што овозможуваат најавување како што се корисничкото име и лозинката за пристап до Сметката на Купувачот, се чуваат со запазување на начелата за безбедност на податоците.

§4

Содржини и пораки на Корисниците

  1. Контролорот ги чува на неговите сервери што обезбедуваат целосна безбедност на податоците, следниве податоци: податоци испраќани од страна на Купувачите, особено пораките испраќани од страна на Купувачот во сите секции на Сервисот, како и информации поврзани со финансиските трансакции за Купување на Пристапни кодови и Ваучери.

§5

Доверување или ставање на располагање на личните податоци на Корисниците на други субјекти

  1. Купувачот дава согласност за доверување на неговите лични податоци од страна на Контролорот за целите наведени погоре во § 3 т. 1, на субјекти зависни од и поврзани со Контролорот, а исто така, на деловните партнери и Давателите на услуги на Контролорот.
  2. Личните податоци на Купувачите ќе им бидат доверувани на други субјекти за цели поврзани со централизација на податоците или за логистички цели, како и во ситуација, кога тоа го налагаат меродавните правни одредби или при преземања или соединувања кои се однесуваат на Контролорот.

§6

Завршни одредби

  1. Контролорот го задржува правото да им испраќа на Купувачите ненарачани информации. Во нив се вбројуваат информациите што се однесуваат директно на функционирањето на Сервисот (на пр. промени во функционирањето) или пак некомерцијални писма (на пр. честитки, системски известувања). Секој од Купувачите има право да истакне дека дава согласност за добивање на таков вид на информации, преку кликнување на линкот наведен под пораката.
  2. Интернет-страницата на Сервисот може да содржи линкови (на пр. во форма на логотипови на трети субјекти), коишто во случај на кликнување го пренасочуваат лицето што го прелистува Сервисот на надворешна интернет-страница. Фактот на примена на таквиот вид препраќања не може да биде изедначуван со каков било вид на поврзаност помеѓу Контролорот и субјектот, којшто е сопственик на надворешната интернет-страница. Контролорот во никој случај не сноси одговорност за последиците од таквиот вид на пренасочувања, ниту има влијание врз содржините поместени на надворешните страници. Контролорот не сноси одговорност за содржината на политиките за приватност и безбедност, коишто важат на тие страници, ниту за колачињата што се користат при нивното прелистување. Ги поттикнуваме лицата, коишто го користат таквиот вид на пренасочувања, да се запознаваат со содржината на соодветните документи што важат на тие страници.
  3. Контролорот го задржува правото да воведува измени и дополнувања на оваа Политика за приватност. Промените се вршат преку објавување на нова содржина на Правилникот во Сервисот. Промените важат од моментот на нивното воведување.
  4. Услов за користење на Сервисот е прифаќање на оваа Политика за приватност.