Основи на програмирање во РУБИ

ден 11.200,00
Дали сте почетник програмер? Сакате да се развивате и да научите нов програмски јазик, а притоа да го збогатите своето „CV“? Курсот за програмирање во Руби е идеален за Вас. РУБИ е еден од најинтуитивните и најтранспарентните програмски јазици. Истовремено, тој е многу популарен, а неговото влијание на пазарот постојано расте. Според повеќето индекси што мерат раст и популарност на програмските јазици на светот, Руби е рангиран во првата десетка. Програмирањето на тој јазик е многу еластично и погодно, но за целосно да се искористи неговиот потенцијал мора детално да ги научите неговите основи. Нашиот курс е специјално дизајниран, за брзо да се запознаете со филозофијата и можностите на јазикот РУБИ, како и да научите во пракса да користите конкретни методи, операции, класи и оператори.